Достапни линкови

Напад врз американската амбасада во Подгорица


Фрлена бомба врз амбасадата на САД во Подгорица
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00

Фрлена бомба врз амбасадата на САд во Подгорица

Непознат човек фрли рачна граната во зградата на американската амбасада во Подгорица, Црна Гора, пред да се разнесе, потврди црногорската влада. Во соопштението се додава дека била во тек истрага.

„Нападот се случи кратко по полноќ“, објави владата на Црна Гора на Твитер. Во првото официјално соопштение за нападот се додава:

„Непознат човек изврши самоубиство со експлозивна направа. Веднаш пред тоа лицето фрли експлозивна направа во американската амбасада од раскрсницата во близина на спортскиот центар“.

Се додава и тоа дека напрвата фрлена во амбасадата „најверојатно“ била рачна граната и оти била во тек истрага.

Веб порталот „порталаналитика“, претходно објави дека граѓаните во областа слушнале две експлозии.

Медиумите објавија дека полицијата ги блокирала улиците околу амбасадата, но оти немало забележливи знаци за штети на зградата.

Полицијата соопшти дека не се познати мотивите на напаѓачот за ваквиот чин.

Според сознанијата на Радио Слободна Европа од Подгорица никој од вработените не бил повреден.

Исто така се дознава дека амбасадата спроведувала интерна процедура за да ја потврди безбедноста на сита нејзини вработени.

Портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт на твитер соопшти дека „имало мала експлозија во близина на американската амбасада и оти се работи на идентификување на напаѓачот.

Амбасадата ги предупреди граѓаните на САД да останат настрана се до следното известување. „Американската амбасада во Подгорица ги советува граѓаните на САД да ја избегнуваат амбасадата во Подгорица, бидејќи има активна безбедносна ситуација“, е соопштено на веб-страницата на американската амбасада во Црна Гора.

Амбасадата, исто така, им советува на Американците да избегнуваат големи собири во главниот град Подгорица и да ги следат локалните медиуми за натмошниот развој на ситуацијата.

Црна Гора, најмалата поранешна југословенска република, стана 29 земја која му се приклучи на НАТО во мај минатата година, потег кој наиде на противење од Русија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG