Иванов: Законот за јазиците е неправеден и го фаворизира албанскиот јазик
Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска изјави дека не го потпишал указот за Законот за употреба на јазиците и за тоа писмено го известил и Собранието. Наместо во дух на дијалог и соживот да градиме меѓуетничко општество, преку донесување праведни закони, ние донесуваме неправеден и репресивен закон со кој се фаворизира само албанскиот јазик, рече Иванов.