Предупредувачки протест на СОНК
Синдикатот за образование, наука и култура денеска организира предупредувачки протест пред владата. Бараат покачување на платите, исплата на К-15 и во јавниот сектор, целосно почитување на колективните договори и учество на репрезентативните синдикати при креирање на буџетот кога се работи за платите во јавниот сектор.