Судот им одреди притвор на Мукоски, Арнаудов и Василевски
Кривичниот суд им одреди 30-дневен притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, а куќен притвор добија Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски. Се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со настаните од 27 април.