ЕУ пред нов самит со источните соседи
Лидерите на ЕУ утре во Брисел треба да одржат состанок со цел продлабочување на врските со шест источни соседи на Унијата. Таканареченото Источно партнерство е дизајнирано да ја зајакне трговијата и да ги промовира европските вредности во Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина. За првпат беше поканет и лидерот на Белорусија Александар Лукашенко, но тој најави дека ќе го прескокне собирот.