Доживотен затвор за Ратко Младиќ - од офицер на ЈНА до воен злосторник
Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, го осуди поранешниот воен лидер на босанските Срби, Ратко Младиќ на доживотен затвор.Трибуналот оцени дека Младиќ, е виновен за 10 од 11 точки од обвинението за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучувајќи и геноцид. Како Младиќ од војник во ЈНА, стана воен злосторник.