Ристовски: Македонија е дел од империјалната стратегија на Путин преку црквата
Обидите на Русија да влијае врз земјите на Балканот и дипломатски да го попречи нивниот евроатлантски пат, се засилуваат, заклучува професор Љупчо Ристовски, доктор на политички науки и доктор на теологија, основач на ИНТЕГРА институт за доблесна и вредносна политика. Дел од таа стратегија на Кремљ, наречена „Мека моќ“, вели тој, е и планот за искористување на религијата како дипломатско оружје во придобивање на православните држави и нивно одвраќање од членство во ЕУ и НАТО.