Трамп ќе побара дополнителна изолација на Северна Кореја
Претседателот на САД Доналд Трамп за време на неговата азиска турнеја ќе порача дека „истекува времето“ за ставање крај на нуклеарната криза со Северна Кореја. Трамп денеска преку Хаваи ја почнува десетдневната азиска турнеја при што ќе ги посети Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Виетнам и Филипините.