Достапни линкови

Каталонија прогласи независност - Мадрид со контра мерки


Парламентот на Каталонија со 70 гласови „за“ и 10 против гласаше за одвојување од Шпанија. По ова Шпанскиот Сенат веднаш ја овласти централната влада во Мадрид да преземе директна контрола над Каталонија.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека неговата влада започна со процесот на преземање директна контрола врз бунтовничкиот регион Каталонија, прогласувајќи го гласањетоа за независност "неважечко", и најави формално распуштање на каталонскиот парламент.

Рахој, кој зборуваше на телевизија во живо по итниот состанок на Советот на министри , рече дека на 21 декември ќе се одржат нови избори во Каталонија, додавајќи дека тоа е потег за "враќање на легитимноста" на каталонската регионална влада.

Рахој рече дека декларацијата за независност на Каталонија претставува "киднапирање" и обид да се "украде" дел од територијата што припаѓа на "остатокот од Шпанија", нарекувајќи го "тажен ден" означен со "недостаток на разумот".

Рахој ова го изјави неколку часа откако регионалниот парламент на Каталонија прогласи независност, што ги поттикна централните власти во Мадрид да започнат со чекори кон наметнување директна контрола врз автономниот регион со што се продлабочи најголемата криза во земјата во последниве децении.

Шпанскиот Сенат денеска со 214 гласа „за“ и 47 против гласаше за Мадрид да може ја преземе контролата врз Каталонија, да го развласти Карлес Пучдемон како регионален претседател и да ги отстрани останатите негови извршни директори.

Во Барселона, Каталонците го преплавија централниот плоштад за да ја прослават декларацијата, при што многумина повикаа на отстранување на шпанското знаме на врвот на палатата на владата во Каталонија а Каталонскиот Национален совет, ги повика Каталонците да ги отфрлат наредбите од Мадрид и да се вклучат во „мирен отпор“.

Потегот на Сенатот дојде по кусо време откако Парламентот на Каталонија со 70 гласови „за“ и 10 против гласаше за одвојување од Шпанија.

Пратениците на опозицијата го бојкотираа гласањето. Во каталонските движења се бара да започне процес на независност, кој вклучува изготвување на нови закони за регионот и отворање на преговори „на рамноправна основа“ со Мадрид за воспоставување на соработка.

Каталонија на 1 октомври го одржа референдумот за независност кој Мадрид го нарече нелегален и на кој се спротивстави и Европската унија.

Пратениците од Каталонија рекоа дека над 90 насто од гласачите се изјаснија за независност на референдумот. Истражувањата покажаа дека малцинството од околу 40 проценти во регионот фаворизираа одвојување, но многумина кои се спротивставија на референдумот го бојкотираа гласањето.

Каталонија прогласи независност
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:24 0:00



Ниту една земја не изрази поддршка за отцепување.

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека Каталонија е составен дел на Шпанија и дека Вашингтон ги поддржува мерките на шпанската влада за обединување на Шпанија.

Претседателот на ЕУ, Доналд Туск, напиша на Твитер по изјавата на Каталонија дека за блокот „ништо не се менува“.

Тој рече дека ЕУ ќе продолжи да се занимава само со Мадрид.

„Се надевам дека шпанската влада се залага за аргумент, а не аргумент за сила“, напиша Туск на Твитер.

Портпаролот на шпанското обвинителство соопшти дека ќе подигне обвиненија против оние кои се одговорни за декларацијата за независност.

Тој додаде дека обвинителот ќе утврди дали обвиненијата треба да се однесуваат само на каталонскиот кабинет, вклучувајќи го и Пучдемон и потпретседателот Ориол Џункерас, или тие ,исто така, треба да се фокусираат и врз членовите на парламентот.

Каталонија, најбогат регион во Шпанија, има посебен јазик и култура и го вклучува градот Барселона. Таа е дел од Шпанија од 15 век, но има долга историја на сепаратистичко расположение.

Со население од 7,5 милиони луѓе, Каталонија произведува околу 20 отсто од економскиот излез на Шпанија.

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека Каталонија е составен дел на Шпанија и дека Вашингтон ги поддржува мерките на шпанската влада за обединување на Шпанија.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG