Корупцијата и тероризмот во фокусот на изборите во Чешка
Во Чешка денеска и утре се одржуваат парламентарни избори. Анкетите покажуваат дека милијардерот Андреј Бабиш би требало да победи и покрај тоа што десетина дена пред изборите е обвинет за корупција. Во идниот парламент ќе има многу партии, можеби и една која сака да го забрани Исламот. (РСЕ)