Достапни линкови

БЛОГ: Македонија избираше градоначалници и советници

СДСМ прогласи победа во над 40 општини на локалните избори. Нивните членови и активисти слават во Скопје и во други градови.

ВМРО-ДПМНЕ оцени дека изборите поминале со бројни нерегуларности во нефер атмосфера.

ДИК - Демократски и фер избори без инциденти

МВР - Изборите поминаа мирно, без сериозни нарушувања на јавниот ред и мир.

МОСТ - Да се утврди дали институциите соодветно реагирале за изборните неправилности

Цивил - Слободни избори со голем број помали нерегуларности

Продолжено гласањето во едно избирачко место во Крива Паланка

Илустрација: Гласање
Илустрација: Гласање

Во избирачкото место 0951 во населбата Баглак во Крива Паланка поради технички проблеми гласањето ќе биде продолжено за еден час, информираат од ОИК. На ова избирачко место на кое има регистрирано 901 избирачи, гласањето ќе трае до 20 часот.

БЕСА - Неуспешни обиди за нарушување на изборниот процес

Имаше обиди за нарушување на изборниот процес, за купување гласови, неправилности во неколку избирачки места и обид за правење инцидент од политичка партија која знае дека ќе изгуби на изборите, но реакцијата на органите на редот досега докажува дека нема да биде оштетен изборниот процес, истакна на денешната прес-конференција Фатон Фазлиу, портпарол на Централниот изборен штаб на Движење БЕСА.

ДУИ – Фер избори според европски стандарди

Арбр Адеми
Арбр Адеми

ДУИ смета дека денешните избори поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера и за нив како партија се прифатливи. Портпаролот на изборниот штаб на ДУИ Арбр Адеми оцени дека имаше пристоен процес и избори според европски стандарди.

СДСМ - Мирен, достоинствен и демократски избирачки ден

СДСМ вечерва оцени дека имало мирен, достоинствен и демократски избирачки ден. Александар Кирацовски од СДСМ на вечерашната прес-конференција во партиското седиште во Скопје рече дека гласањето поминало слободно и без притисоци.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG