МВР - Изборите поминаа мирно, без сериозни нарушувања на јавниот ред и мир
Изборниот ден помина мирно и без сериозни нарушувања на јавниот ред и мир, оцени Министерството за внатрешни работи.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров за изборите:
ДИК - Демократски и фер избори без инциденти
Државната изборна комисија оцени дека денешните локални избори биле демократски, фер и без инциденти. Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска рече дека партиите го испочитувале кодексот за фер и демократски избори.
ВМРО-ДПМНЕ: Бројни нерегуларности и кршење на изборниот закон
Изборниот ден помина со бројни нерегуларности и кршење на изборниот закон, оцени вечерва членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Србов