Достапни линкови

БЛОГ: Македонија избираше градоначалници и советници

СДСМ прогласи победа во над 40 општини на локалните избори. Нивните членови и активисти слават во Скопје и во други градови.

ВМРО-ДПМНЕ оцени дека изборите поминале со бројни нерегуларности во нефер атмосфера.

ДИК - Демократски и фер избори без инциденти

МВР - Изборите поминаа мирно, без сериозни нарушувања на јавниот ред и мир.

МОСТ - Да се утврди дали институциите соодветно реагирале за изборните неправилности

Цивил - Слободни избори со голем број помали нерегуларности

Инфографика за одѕивот до 17 часот

На локалните избори до 17 часот гласале над 49 отсто од регистрираните избирачи. Најголема излезност има во Вевчани од 72,05 проценти, а најмала во Маврово-Ростуше со 31,19 проценти.

МВР - Обид за физичка пресметка во Горно Седларце и фотографирање гласачки ливчиња

Министерството за внатрешни работи информира дека попладнево во текот на локалните избори е регистриран обид за физичка пресметка меѓу гласач и член на избирачки одбор, осум случаи на фотографирање гласачки ливчиња и две гласања во име на друго лице.

Мирни избори со помала излезност од претходните

Гласањето помина мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир. Забележани се одредени нарушувања на изборниот процес и од стана на избирачки одбори и од гласачи и од партиски активисти, заклучуваат задолжените за спроведување и набљудување на изборниот процес. Излезноста е помала отколку на претходните избори.

Затворени гласачките места

Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните можеа да гласаат на денешните шести локални избори во Република Македонија. По затворањето на избирачките места можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG