Прес-конференцијата на граѓанската асоцијација Мост за текот на изборниот процес
Мирен изборен ден во Куманово
Изборниот процес во Куманово до 17 часот се одвива регуларно и без изборни прекршувања, велат од Општинската изборна комисија, правобранителот и партиите. Освен некои технички проблеми, кои за кусо време се надминати, до правобранителот и од ОИК не се поднесени пријави.
МОСТ до 17 часот регистрирал неправилности на 16 избирачки места
Набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ на денешното гласање забележале непочитување на постапката на гласање и реакција од страна на избирачките одбори на 10 гласачки места, проблеми предизвикани од неовластени лица на едно гласачко место и непочитување на постапката на гласање и проблеми предизвикани од гласачи на пет гласачки места.
Излезноста до 17 часот 49,14 проценти
Излезноста на гласањето до 17 часот на територија на Република Македонија, според податоците што ги објави ДИК, изнесува 49,14 проценти.
На парламентарните избори во декември минатата година излезноста до 17 часот беше над 60 проценти, а на претходните локални избори во 2013 година, излезноста до 17 часот беше нешто помалку од 58 отсто.