На шестите локални избори во Македонија, граѓаните можат да се изјаснат за 260 кандидати за градоначалници и 6.627 кандидати на 372 листи за советници. Овие избори се тест за популарноста на новата влада.
Се за локалните избори во Македонија и на нашата специјална страница: https://www.slobodnaevropa.mk/p/6395.html
Во Маврово Ростуше, печалбарите гласаат и заминуваат
Во општина Маврово Ростуше каде што бројот на гласачи е 9854, гласањето се одвива без проблеми. До 13 часот гласаа 17,5 насто од гласачите односно 1.731, изјави за РСЕ потпретседателот на општинската изборна комисија Харис Ибраими. Според него меѓу првите гласаа печалбарите кои по гласањето си заминуваат.
Излезноста до 13 часот е 27,11 отсто
Излезноста на гласањето на ниво на Македонија до 13 часот, според ДИК, е 27,11 проценти. Ова е помала излезност од парламентарните избори во декември, кога до 13 часот на гласање беа излезени 34,83 отсто од регистрираните избирачи.
„Не знам дали да хибернирам пред или по изборите“