Во Куманово се гласа без проблеми
„Во Општина Куманово излезноста на гласачите е 23,07 насто од вкупно запишаните 92 илјади и 639 граѓани кои на 167 гласачки места гласаат за избор на градоначалник и советници во локалниот совет. Нерегуларности не се пријавени, освен некои ситни технички проблеми кои се вообичаена појава, а и за кусо време се отстранети“, изјави Звонко Николовски претседател на Општинската изборна комисија во Куманово.
Одзивот на гласањето на ниво на Република Македонија до 13 часот, според податоците што ги соопшти Државната изборна комисија, изнесува 27,11 проценти.
Во Скопје, како што соопшти портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска, излезноста е 29,17 проценти.
Најголема излезност до 13 часот има во Демир Капија, а најмала во Желино.
Во Скопје, досега, најголем одзив има во Карпош, а најмал во Шуто Оризари.
Битолските Роми гласаат за да добијат адреси на живеење
„Веќе не сакаме да бидеме само гласачка машинерија, туку со нашите гласови да придонесеме да ни се решат инфраструктурните проблеми во населбата“. Ова се барањата на повеќето Роми кои денеска гласаа во Битола. Стотици Роми од Битола живеат во дива и неурбанизирана населба. Очекуваат идната локална власт да им направи улици и конечно да имаат своја адреса.
Локални избори - мирно и без сериозни нарушувања
До 13 часот гласале околу 27 проценти од гласачите, соопшти ДИК. Според МВР и според набљудувачите гласањето поминува без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир. Забележани се извесни нарушувања на постапката на гласање и од одбори и од гласачи и од партиски активисти. Целиот извештај, можете да го прочитате тука: https://www.slobodnaevropa.mk/a/28795866.html