МВР - Изборите поминаа мирно, без сериозни нарушувања на јавниот ред и мир
Изборниот ден помина мирно и без сериозни нарушувања на јавниот ред и мир, оцени Министерството за внатрешни работи.
СДСМ - Мирен, достоинствен и демократски избирачки ден
СДСМ вечерва оцени дека имало мирен, достоинствен и демократски избирачки ден. Александар Кирацовски од СДСМ на вечерашната прес-конференција во партиското седиште во Скопје рече дека гласањето поминало слободно и без притисоци.
ДУИ – Фер избори според европски стандарди
ДУИ смета дека денешните избори поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера и за нив како партија се прифатливи. Портпаролот на изборниот штаб на ДУИ Арбр Адеми оцени дека имаше пристоен процес и избори според европски стандарди.
БЕСА - Неуспешни обиди за нарушување на изборниот процес
Имаше обиди за нарушување на изборниот процес, за купување гласови, неправилности во неколку избирачки места и обид за правење инцидент од политичка партија која знае дека ќе изгуби на изборите, но реакцијата на органите на редот досега докажува дека нема да биде оштетен изборниот процес, истакна на денешната прес-конференција Фатон Фазлиу, портпарол на Централниот изборен штаб на Движење БЕСА.