Достапни линкови

БЛОГ: Македонија избираше градоначалници и советници

СДСМ прогласи победа во над 40 општини на локалните избори. Нивните членови и активисти слават во Скопје и во други градови.

ВМРО-ДПМНЕ оцени дека изборите поминале со бројни нерегуларности во нефер атмосфера.

ДИК - Демократски и фер избори без инциденти

МВР - Изборите поминаа мирно, без сериозни нарушувања на јавниот ред и мир.

МОСТ - Да се утврди дали институциите соодветно реагирале за изборните неправилности

Цивил - Слободни избори со голем број помали нерегуларности

Инфографика за одѕивот до 17 часот

На локалните избори до 17 часот гласале над 49 отсто од регистрираните избирачи. Најголема излезност има во Вевчани од 72,05 проценти, а најмала во Маврово-Ростуше со 31,19 проценти.

Излезноста до 17 часот 49,14 проценти

Излезноста на гласањето до 17 часот на територија на Република Македонија, според податоците што ги објави ДИК, изнесува 49,14 проценти.

На парламентарните избори во декември минатата година излезноста до 17 часот беше над 60 проценти, а на претходните локални избори во 2013 година, излезноста до 17 часот беше нешто помалку од 58 отсто.

МОСТ до 17 часот регистрирал неправилности на 16 избирачки места

Набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ на денешното гласање забележале непочитување на постапката на гласање и реакција од страна на избирачките одбори на 10 гласачки места, проблеми предизвикани од неовластени лица на едно гласачко место и непочитување на постапката на гласање и проблеми предизвикани од гласачи на пет гласачки места.

Мирен изборен ден во Куманово

Куманово
Куманово

Изборниот процес во Куманово до 17 часот се одвива регуларно и без изборни прекршувања, велат од Општинската изборна комисија, правобранителот и партиите. Освен некои технички проблеми, кои за кусо време се надминати, до правобранителот и од ОИК не се поднесени пријави.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG