Прес-конференцијата на граѓанската асоцијација Мост за текот на изборниот процес
За успешност на изборите потребна е излезност од над 33 отсто
За локалните избори да бидат успешни, мора на гласање да излезат над една третина од запишаните гласачи, предвидува Изборниот законик. Ако во една општина излезат помалку од 33,3 отсто од запишаните избирачи, се повторува целата изборна постапка во таа општина.
Во голем дел од општините во источна Македонија, овој услов за 33 отсто излезност е исполнет уште во 13 часот, додека помала излезеност има во општините во западниот дел на земјата.
Прилепчанец нашол три празни гласачки ливчиња зад параванот
На гласачкото место 1376 во ОУ „Блаже Конески“ во Прилеп денеска гласач зад параванот каде што треба да гласа, затекнал три гласачки ливчиња со печат, на коишто сè уште никој не гласал. Случајот веднаш бил пријавен и во Општинската изборна комисија, којашто изврши увид на ова избирачко место, каде што имаше прекин на гласањето.
МВР - До 14 часот нема посериозни нарушувања на јавниот ред и мир на изборите
До 14 часот нема регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на изборите, соопшти Министерството за внатрешни работи. Оттаму информираат дека до 14 часот се примени вкупно 26 пријави по однос на изборни нерегуларности.
Евидентирани се и 10 прекини на гласање на одделни избирачки места каде што после консултации и краток застој од по 15 до 20 минути гласањето е продолжено.