Достапни линкови

БЛОГ: Македонија избираше градоначалници и советници

СДСМ прогласи победа во над 40 општини на локалните избори. Нивните членови и активисти слават во Скопје и во други градови.

ВМРО-ДПМНЕ оцени дека изборите поминале со бројни нерегуларности во нефер атмосфера.

ДИК - Демократски и фер избори без инциденти

МВР - Изборите поминаа мирно, без сериозни нарушувања на јавниот ред и мир.

МОСТ - Да се утврди дали институциите соодветно реагирале за изборните неправилности

Цивил - Слободни избори со голем број помали нерегуларности

Објавување првични резултати

Државната изборна комисија првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

ОИК првичните резултати од изборите за членови на совет, односно градоначалник ги објавува во рок од седум часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките одбори и ги истакнува на огласна табла во општината и ги соопштува на јавните гласила.

Изборната комисија на градот Скопје првичните резултати од изборите за членови на совет, односно градоначалник ги објавува во рок од 10 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од ОИК за градот Скопје.

Сите информации во врска со Локалните избори 2017, тука: https://www.slobodnaevropa.mk/p/6395.html

До обвинителствата доставени пријави за изборни нерегуларности

Неколку пријави за изборни нерегуларности има доставено во основните јавни обвинителства, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.

Во соопштението појаснуваат дека надлежните основни јавни обвинителства преземаат дејствија за овие пријави во насока на утврдување на фактите за постоење елементи на сторени кривични дела.

МВР: До 12 часот без посериозни нарушувања на гласањето

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска до 12 часот нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG