Детални податоци по општини за одзивот на гласачите до 13 часот, според податоците од ДИК. Погледнете ја интерактивната мапа тука : https://www.slobodnaevropa.mk/a/28795450.html
Интерактивна мапа за одзивот во сите општини до 13 часот: https://www.slobodnaevropa.mk/a/28795450.html
Локални избори - мирно и без сериозни нарушувања
До 13 часот гласале околу 27 проценти од гласачите, соопшти ДИК. Според МВР и според набљудувачите гласањето поминува без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир. Забележани се извесни нарушувања на постапката на гласање и од одбори и од гласачи и од партиски активисти. Целиот извештај, можете да го прочитате тука: https://www.slobodnaevropa.mk/a/28795866.html
Битолските Роми гласаат за да добијат адреси на живеење
„Веќе не сакаме да бидеме само гласачка машинерија, туку со нашите гласови да придонесеме да ни се решат инфраструктурните проблеми во населбата“. Ова се барањата на повеќето Роми кои денеска гласаа во Битола. Стотици Роми од Битола живеат во дива и неурбанизирана населба. Очекуваат идната локална власт да им направи улици и конечно да имаат своја адреса.
Одзивот на гласањето на ниво на Република Македонија до 13 часот, според податоците што ги соопшти Државната изборна комисија, изнесува 27,11 проценти.
Во Скопје, како што соопшти портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска, излезноста е 29,17 проценти.
Најголема излезност до 13 часот има во Демир Капија, а најмала во Желино.
Во Скопје, досега, најголем одзив има во Карпош, а најмал во Шуто Оризари.