На шестите локални избори во Македонија, граѓаните можат да се изјаснат за 260 кандидати за градоначалници и 6.627 кандидати на 372 листи за советници. Овие избори се тест за популарноста на новата влада.
Се за локалните избори во Македонија и на нашата специјална страница: https://www.slobodnaevropa.mk/p/6395.html
Џабе бистриш политика во автобус, ако не излезеш да гласаш
МВР: Гласањето без посериозни нарушувања
Нема посериозни нарушувања на јавниот ред и мир за време на гласањето на изборите, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски на прес - конференција. Тој вели дека е забележан еден инцидент во општина Бутел, кој не е поврзан со изборите. МВР има пријава и за седум случаи за поткуп. Полицијата регистрирала привремен прекин или доцнење на гласањето на 20-тина гласачки места од технички причини и гласањето е продолжено.
Македонските граѓани денеска ги избираат локалните власти. На сите 3480 избирачки места гласањето е започнато и тече без неправилности, соопшти Државната изборна комисија. Вкупната излезност до 10 часот според податоците добиени од општинските изборни комисии е 8,98 проценти.
Погледнете ја и инфографиката за одзивот: https://www.slobodnaevropa.mk/a/28795450.html