Достапни линкови

БЛОГ: Македонија избираше градоначалници и советници

СДСМ прогласи победа во над 40 општини на локалните избори. Нивните членови и активисти слават во Скопје и во други градови.

ВМРО-ДПМНЕ оцени дека изборите поминале со бројни нерегуларности во нефер атмосфера.

ДИК - Демократски и фер избори без инциденти

МВР - Изборите поминаа мирно, без сериозни нарушувања на јавниот ред и мир.

МОСТ - Да се утврди дали институциите соодветно реагирале за изборните неправилности

Цивил - Слободни избори со голем број помали нерегуларности

Видео изјава: Артан Адеми, претседател на општинска изборна комсија Тетово, за излезност до 10 часот и како тече гласањето.

Тетово: Одзив до 10 часот и како тече гласањето
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:33 0:00

Денеска е изборен ден во Македонија и амбасадорот Бејли му се приклучи на персоналот на Амбасадата во набљудувањето на изборите. “Секој да излезе и да гласа за да не оставате други да решаваат за вашата иднина“

Прва прес конференција на ДИК за одзивот и за евентуални проблеми:

ДИК: излезноста на локалните избори до 10 часот е 8,98 насто

Државната изборна комисија соопшти дека излезноста на гласачите на локалните избори на територијата на Македонија изнесувала 8,98 насто. Гласањето почна навреме и се одвива без поголеми проблеми.

Гласањето на локалните избори почна навреме и се одвива без проблеми. Денешните локални избори во Македонија се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Град Скопје. Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, право на глас на Локалните избори имаат 1.814.644 гласачи во Македонија.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG