Во општина Тетово се гласа без проблеми
Сите 117 избирачки места во општина Тетово на кои можат да гласаат вкупно 82.798 гласачи се отворени навремено по што е започнато гласањето за лолакните избори. Според општинската изборна комисија сите избирчки одбори успеале точно во 7 часот да ги подготват изборните материјали. „До 10 часот во рамки на општина Тетово гласале вкупно 4.003 гласачи што претставува 4,83 отсто од вкупниот број избирачи за нашиот реон“, информираше Артан Адеми, претседател на општинската изборна комисија Тетово.
Џабе бистриш политика на работа, ако не излезеш да гласаш
Првите три часа од гласањето на локалните избори, на речиси сите избирачки места се одвива без некои посериозни проблеми. Извесни нерегуларности регистрирале набљудувачите на МОСТ.
МОСТ: Прв прес за текот на гласањето
Според информациите од набљудувачите на граѓанската асоцијација МОСТ отворени се сите гласачки места на кои тие имаат свои набљудувачи.
Досега забележано е дека на гласачко место во општина Струга 1860 на почетокот од гласањето избирачкиот одбор откинал 3 гласачки ливчиња од кочанот заедно со серискиот број , по што гласачите ги ставиле во гласачки кутии.
повеќе тука: https://www.slobodnaevropa.mk/a/28795526.html