Каталонците слават победа на референдумот
Илјадници Каталонци излегоа на улиците да го прослават референдумот за независност што се одржа и покрај обидите на шпанската полиција да го спречи. Според првичните резултати, 90 насто од оние што излегле гласале за независност. Во насилствата биле повредени над 840 граѓани и 30 полицајци.