Каталонците велат дека сакаат подобра иднина
Референдумот на први октомври за независност на Каталонија ја внесе Шпанија во една од најголемите политички кризи. Централната власт во обид да го спречи референдумот, спроведе низа рации во каталонските владини згради, уапси каталонски функционери и го конфискува материјалот за гласање.