Растат тензиите по курдскиот референдум за независност
Ирачкиот парламент побара од премиерот Хајдер ал Абади да испрати војска за да ја преземе контролата врз нафтените полиња во курдскиот автономен регион на северот на земјата. Претходно, курдските власти го отфрлија ултиматумот од Багдад за предавање на контролата врз аеродромите во Курдистан.