Пушките и хеликоптерите најинтересни на изложбата на опрема на АРМ
На воениот стадион во Градски парк во Скопје, по повод роденденот на АРМ, има целодневна изложба на борбени средства, техника и воена опрема на македонската војска. Посетителите, најмногу деца, највеќе се интересираат за снајперските пушки и за хеликоптерите. На 18 август 1943 година на Славеј Планина е формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија. Денот на формирањето на баталјонот се смета за роденден на АРМ.