Трамп во Варшава ќе промовира извоз на гас од САД
Пред да учествува на самитот на Г20 во Хамбург, американскиот претседател Доналд Трамп на 6 јули во Варшава ќе промовира извоз на американски гас. Тој ќе учествува на самитот на инцијативата „Три мориња“ и ќе се сретне со лидерите на земјите од централна и источна Eвропа чии земји излегуваат на Јадранско, Балтичко и Црно море. Сите тие сакаат намалување на зависноста од руски гас.