Хеликоптерски напад врз владини институции во Венецуела
Со полициски хеликоптер во Венецуела бил извршен напад врз Врховниот суд и министерството за внатрешни работи во Каракас што претставува драматична ескалација на политичката криза во таа земја. Шефот на државата Николас Мадуро оцени дека станува збор за тероризам и за обид за државен удар.