Апатурај: НАТО сојузниците загрижени за реформите во Македонија
Реформите се најдобар начин за влез во НАТО. Ова го изјави Џејмс Апатурај, заменик помошник на генералниот секретар за политички прашања во врска со денешниот состанок на лидерите на Алијансата во Брисел. На овој состанок за прв пат учествува и претседателот на САД Доналд Трамп, како и Црна Гора.