Цаца Николовска – Независно судство не е невозможна мисија
Мисијата за создавање на независно судство во земјата не е невозможна, прашање е само на начин ќе се изведе. Потребно е обемно преоценување на работата на судиите, и ако сакате и на обвинителите, па и на некои адвокати, вели Маргарита Цаца Николовска, потпретседателка на Врховниот суд на Босна и Херцеговина и поранешна судијка во Судот за човекови права во Стразбур, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.