За заедничка Македонија побара брзи избори
Поддржувачите на иницијативата За заедничка Македонија пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ побараа нови парламентарни избори, а најавија дека утре тоа ќе го побараат и од СДСМ. Протестот го завршија пред Собранието, извикувајќи „избори, избори“. Повторно кон зградата на парламентот беше свртен багер.