„Не може луѓе кои се обвинети за тежок криминал да ми нудат излез од кризата (за која тие самите се криви) и светла иднина... треба ДПМНЕ да најде во себе чесни луѓе кои ќе знаат и сакаат Македонија да биде она што сите граѓани го сакаат“.
„Кога во манифестот ќе стои дека сите криминалци, без разлика на верска, национална и партиска припадност, кои ја злоупотребуваат власта за свое лично богатење, ќе одговараат пред суд без застарување на делата... може и ќе биде добар манифестот“.
Ова го постирале Драги Василев и Драган Цветковиќ на нашиот ФБ по информацијата за објавениот Манифест за единствена Македонија на ВМРО-ДПМНЕ.
А Гоце Тасевски прашува дали е уште 1 април кога таа партија „преку манифест промовира владеење на правна држава“. Ветон Руфати, пак, прашува дали сега им текнало... „каде бевте пред 11 години... сите млади бегаат заради сиромаштија во Македонија, секој ден е сè полошо, сега зборувате како ништо да не се случило“. Вера Србиноска коментирала: „ВМРО од 1903 заврши, ова е МВРО-ДРПМНЕ и не може да прави манифест криминална банда, која пописот не го направи, а ги украде парите... “.
За симнатото државно знаме во Куманово, Гоце Дончев напишал: „Кога ВМРО се спасува, одма Албанците ги турка во нацистичка политика“. Инаку, по оваа информација има повеќе коментари потпишани од читатели со албански имиња, кои, главно сметаат дека тоа е дело на ВМРО-ДПМНЕ затоа што „на нив им одговара“ – како што напишал Несим Хамзаи, а Ридван Ќерими постирал: „Двајца млади лекоумни Албанци, поткупени од ДПМНЕ за да направат скандал во овие тешки времиња, но ова нема да го сврти вниманието за да се спасат криминалците од затвор“.
Оние што не ја сакаат СДСМ, очигледно барем според коментарите на нашиот ФБ, се јавиле со негативни реакции на изјавата на Петре Шилегов дека „Новата влада ќе го продолжи рокот на СЈО“. Зоран Ризовски прашува: „Кого ли лаже, нас или себе?“, а Слободан Петков постирал: „Вие кога ќе формирате влада, врбата сливи ќе даде“. Има неколку коментари во стилот: „Никој веќе не верува во СДША“, како на Рената Милошевска, или „Не сте веќе СДСМ, сега сте СДСА“ на Миле Вујче.
Томислав Методи, покрај фотографија на женска долна облека подбивно коментира: „Новата влада, наместо петте милијарди на Грујо ги најде гаќите на Ивона“.