Достапни линкови

Вучиќ ја потврди неговата доминација во Србија


Вучиќ прогласи победа на изборите за претседател
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

Вучиќ прогласи победа на изборите за претседател

Конзервативниот премиер Александар Вучиќ прогласи победи на претседателските избори во Србија со голема разлика. Со тоа тој ја потврди неговата доминација во земјата најавувајќи натамошно деликатно балансирање меѓу Европа и Русија.

Четириесет и седум годишниот Вучиќ доби многу повеќе од неопходните над 50 насто од гласовите со што успеа да го избегне вториот круг од изборите.

Тој кон крајот на мај треба да ја преземе претседателската функција која главно е церемонијална. Меѓутоа, се очекува Вучиќ да ја задржи дефакто власта преку неговото влијание врз владејчката Српска напредна партија.

Изборните резултати претставуваат своевидно понижување за српските опозициски партии кои велат дека владеењето на Вучиќ станува се поавтократско.

Вучиќ стави јасно на знаење дека неговата промена на работното место нема да значи и промена на српското геополитичко балансирање меѓу Европската унија, каде што Вучиќ сака да ја види Србија, и Русија со која Србите се традиционални партнери.

Тој им зaблaгoдари на германската канцеларка Ангела Меркел и на рускиот претседател Владимир Путин со кои се сретна за време на неговата изборна кампања. Вучиќ пред приврзаниците на неговата партија изјави:

„За мене е важно да кажам дека изборите покажаа, бидејќи кога на овој број гласови додадете и многу други кои не се директно против политиката која ја водиме, тогаш гледате дека огромно мнозинство граѓани на Србија е за продолжување на реформските процеси, за продолжување на европскиот пат на Србија со зачувување на традиционалните пријателства кои ги имаме и со Русија и со Кина“, рече тој.

На второ место се пласира поранешниот обудсман Саша Јанковиќ кој доби 16 насто од гласовите.

Дваесет и пет годишниот студент Лука Максимовиќ кој влезе во претседателската трка како пародија на политичар измамник наречен Љубиша „Бели“ Прелетачевиќ се најде на третото место со нешто над девет насто од гласовите, што на своевиден начин е слика на разочараноста на Србите од политичарите во нивната земја.

Изборната победа на Вучиќ и дава на неговата Српска прогресивна партија која има мнозинство во парламентот контрола врз целиот законодавен и извршен процес и некои посматрачи се загрижени дека Србија се враќа во времето на автократијата на екс претседателот Слободан Милошевиќ.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG