Андов: Претседателот Иванов не го испочитува Уставот
Јас очекувам во скоро време Иванов да ја промени одлуката и да го даде мандатот на Заев, со тоа што ќе бара право кога ќе се бира владата да му се овозможи специјално обраќање во Собранието каде ќе ги каже неговите забелешки, вели Стојан Андов во неделното интервју на Радио Слободна Европа.