Критики и за новиот декрет на Трамп за забрана за влез во САД
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша ревидирана извршна наредба за забрана на граѓани од шест главно муслимански земји да влегуваат во Соединетите држави. Претходната негова наредба беше блокирана од сојузните судови. Активистите за човекови права најавуваат дека ќе ја оспорат и оваа.