Бејли: Разочарани сме, Иванов да ја преиспита одлуката
САД изразуваат загриженост од настаните во земјата, рече американскиот амбасадор Џес Бејли по вчерашната одлука на Ѓорге Иванов да не му го даде мандатот на Зоран Заев. Ги повикуваме соседите на Македонија да покажат сила и да бидат конструктивни во момент на затегната политичка чуствителност во земјата, истакна Бејли.