Штрајк на вработените во МПМ
Вработените во медиумската издавачка куќа МПМ денеска точно во 12 часот ги напуштија своите редакции за да изразат револт од работењето на компанијата. Тие од денеска стапија во штрајк на неопределно време, при што ќе ја бојкотираат работата по неколку часа дневно. Велат ги бараат само нивните права, да добиваат плата навремено.