Протести во Подгорица поради укинат имунитет на опозициски лидери
Црногорскиот Парламент на денешната вонредна седница, им го укина имунитетот на опозициските лидери на Демократскиот фронт Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ. Тие се осомничени за вмешаност во организирање на терористички напади за време на изборната ноќ минатата година. Поддржувачи на опозицискиот Демократски фронт денеска протестираа пред Собранието.