Достапни линкови

Протестите во Охрид - последица на стравот од СЈО


 Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Обвинителките Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска.
Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Обвинителките Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска.

„Стравот на ВМРО ДМНЕ од продолжување на мандатот на СЈО е и единствената пречка поради која не успеаја да формираат коалиција во рокот кој беше предвиден со мандатот, велат аналитичатите. Тие очекуваат СЈО се повеќе да биде под притисок на ВМРО ДПМНЕ.

Активностите што ги презема СЈО во Охрид имаат загрижувачки карактер за ВМРО ДПМНЕ зашто се работи за расветлување на случаи поврзани со криминал, велат аналитичарите за кои протестите на членовите и симпатизерите на партијата пред СВР Охрид, каде што истражителите имаа информативни разговори за финансирање на изборната кампања, се очекувани.

Според неофицијалните најави на распит пред истражителите на СЈО треба да се појават 180 лица за предистражната постапка со која се опфатени десетици жители кои се јавуваат како финансиери на кампања, но професор Митко Гаџовски вели дека членовите на ВМРО ДПМНЕ се вознемирени и поради потребата од продолжување на мандатот на СЈО.

Како што изјави Гаџовски, протестите во Охрид против истрагата на СЈО се предвесник на тоа што би можело да се случува во иднина доколу Специјалното обвинителство продолжи со ваквиот начин на работа и испорачува резултати.

„Со одминување на времето СЈО ќе испорачува резултати. Веќе се појавуваат протести, се прави притисок врз неговата работа зошто има задача да ги преиспита сомнежите за криминал од прислушуваните разговори“ вели Гаџовски.

Протестите се совпаѓаат со предупредувањата од партијата упатени во изминатите неколку денови по средбите со меѓународните претставници, дека прекршувањето на принципот победникот да коалицира со победникот ќе донесе проблеми во иднина. Во ваква политичка ситуација експертите велат дека рано е да се зборува за такви сценарија зашто сеуште нема Влада, но Гаџовски очекува се повеќе да се зголемува притисокот на ВМРО ДПМНЕ врз СЈО во наредниот период

„Стравот на ВМРО ДМНЕ од продолжување на мандатот на СЈО е и единствената пречка поради која не успеаја да формираат коалиција во рокот кој беше предвиден со мандатот кој го доби. Како што поминува времето СЈО се повеќе ќе биде под притисок на ВМРО ДПМНЕ“, вели тој.

Во врска со предистражните постапки што се водат во Охрид од СЈО не соопштија ништо, но обвинуваат за повреда на тајноста на постапката

ВМРО ДПМНЕ реагираше дека тоа е хајка против нив, а некои нивни пратеници најавија дека ќе се борат во Парламентот да го укинат СЈО поради неговата селективност.

Аналитичарот Рамадани потсетува дека притисоците и однесувањето на владејачкото мнозинство врз СЈО и специјалната обвинителка Катица Јанева, минатата година беа повод за протестите на Шарената револуција, но оваа година тој очекува поинаква ситуација.

„Да не заборавиме Шарената револуција почна какао подршка за работата на СЈО, а изгледа дека ВМРО ДПМНЕ ќе биде партијата чии финансиери оваа година ќе има потреба да одговараат пред СЈО“ вели Рамадани.

Како и да е СЈО, според Рамадани, е единствената државна институција која почна и продолжи да работи во атмосфера на протести и тоа, според него, е логично зашто оваа институција има задача да ги истаржува наводите за индиции за криминал и корупција кои беа обелоденети во прислушуваните материјали пред две години.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG