Еврокомесарот Јоханес Хан, на крајот од посетата на Скопје, изјави дека на партиите им треба повеќе време за преговарање со цел да донесат одлука која е од интерес на државата. Тој рече, „не се работи за брзина на донесување на одлуката, туку за квалитетот на одлуката“.