Стотици мигранти заглавени во Србија со месеци преживуваат во тешки услови во близина на границата со Унгарија. Тие и натаму се надеваат дека ќе успеат да ја минат границата без да бидат забележани и да го продолжат нивното патување кон побогатите земји во Европската унија.