Белата куќа е уверена дека ќе успее да ја задржи наредбата на претседателот Доналд Трамп за забрана на влез на бегалци и граѓани од седум претежно муслимански земји. Апелацискиот суд во Сан Франциско закажа расправа за тоа дали наредбата да биде обновена.