Новиот американски амбасадор во Обединетите нации Ники Хејли ја обвини Русија за најновите насилства во источна Украина. Притоа, таа предупреди дека американските санкции против Русија кои се поврзани со Украина нема да бидат укинати се додека Москва не и го врати Крим на Украина.