Достапни линкови

Женски марш во Вашингтон на 21 јануари 2017
Женски марш во Вашингтон на 21 јануари 2017

Женски марш во Вашингтон

Маршеви на жените за човекови права се одржуваат во Вашингтон и во стотици градови ширум светот.

Стотици илјади луѓе, а дел од организаторите велат дека имало и половина милион, излегоа на улиците на Вашингтон на првиот ден од претседателствувањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, како одговор на „навредите и демонизирањето“ на жените и другите маргинализирани групи за време на предизборната кампања.

Полицијата соопшти дека немало апсења, а насобраните веќе се разотидуваат.

Стотици слични настани се одржaа и во други градови во САД, но и ширум светот.

Претседателот Доналд Трамп присуствува на меѓуверска молитва во Националната катедрала во Вашингтон.

Нашиот дописник Карл Шрек го следи Женскиот марш во Вашингтон.

Фотогалерија: Жените во светот маршираат против Трамп

Феминистичката писателка, активистка и организаторка на Женскиот марш, Глорија Стеинем, пред учесниците на Маршот во Вашингтон, рече дека користа од долгиот живот е тоа што се сеќавате кога работите биле полоши. Таа рече дека жените кои денеска марширале во Берлин испратиле порака дека знаат дека „ѕидовите не функционираат“.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG