Достапни линкови

Женски марш во Вашингтон на 21 јануари 2017
Женски марш во Вашингтон на 21 јануари 2017

Женски марш во Вашингтон

Маршеви на жените за човекови права се одржуваат во Вашингтон и во стотици градови ширум светот.

Стотици илјади луѓе, а дел од организаторите велат дека имало и половина милион, излегоа на улиците на Вашингтон на првиот ден од претседателствувањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, како одговор на „навредите и демонизирањето“ на жените и другите маргинализирани групи за време на предизборната кампања.

Полицијата соопшти дека немало апсења, а насобраните веќе се разотидуваат.

Стотици слични настани се одржaа и во други градови во САД, но и ширум светот.

Има иницијатива на женскиот марш во Вашингтон да се носат розови плетени капчиња или капчиња со мачкини уши. Тоа е дел од Проектот Пусихет, кој има за цел да прикаже 1,7 милиони розови капчиња со мачкини уши, алудирајќи на женските гениталии, во знак на противење на навредливите коментари од страна на претседателот Доналд Трамп во видео снимка што се појави за време на неговата кампања.

Принципите врз кои се потпира Женскиот марш
Женски марш во Сиднеј
Женски марш во Сиднеј

-Женските права се човекови права и човековите права се и права на жените

-Одговорност и правда за полициската бруталност и окончување на расното профилирање и таргетирањето на обоените заедници.

-Морален императив е да се искорени родовата и расна нееднаквост во рамките на кривичниот систем.

-Репродуктивна слобода, пристап до квалитетни репродуктивни здравствени услуги, контрола на раѓање, превенција и лекување од ХИВ/СИДА и до медицински точно сексуално образование. Тоа значи и можност за безбеден, легален и достапен абортус и контрацепција за сите луѓе, без оглед на приходите, местото на живеење или образованието.

-Родова рамноправност.

-ЛГБТИ правата се човекови права.

-Транспарентна, отчетна и безбедна економија која ќе ја намали дискриминацијата кон жените и мајките.

-Еднаквост на платите за еднаква работа и право на правична заработка за жените.

-Признаваме дека обоените жени го носат најголемиот товар на глобалната и домашната економска сцена, особено во секторот на социјална и здравствена нега.

-Сите работници имаат право да се организираат и да се борат за пристојна минимална плата, а синдикатите и другите работнички асоцијации се од клучно значење за здрава и просперитетна економија.

-Граѓанските права се вродени и тие треба да се прошируваат, а не да се ограничуваат.

-Проблемите со кои се соочуваат жените со попреченост се женски проблеми.

-Време е за амандман за целосна инклузивност во американскиот Устав. Многумина Американци веруваат дека Уставот гарантира еднакви права, но не е така.

-Веруваме во правата на имигрантите и бегалците без разлика на нивниот статус или земја на потекло.

-Сите имаат право на чиста вода, чист воздух и пристап до користење на јавните површини.

Женскиот марш во Прага се одржува на плоштадот на Свети Вацлав во центарот на градот.

Околу две илјади луѓе присуствуваат на Женскиот марш во Франкфурт.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG