Женскиот марш во Даблин почна во Градината на сеќавањето.
Учесници на Женскиот марш се собираат пред американската амбасада во Лондон.
Женски марш во Приштина
Косовските активистки се придружија на глобалниот женски марш, кој во Приштина го организира Мрежата на жени на Косово.
Претседателката на мрежата, Игбале Ругова, рече дека и во Косово има луѓе на функции кои користат сексистички речник кон жените. Целта на маршот е остро да се осуди употребата на раков речник од страна на косовските политичари, велат организаторите.
Доаѓањето на десетици илјади жени(организаторите очекуваат околу 200 илјади) на Женскиот марш во Вашингтон создаде огромни турканици во автобусите. Автобуските превозници се целосно исполнети. Компанијата Скедадл има резервации од сите делови на САД, додека компанијата Рели направи посебни пакети за Женскиот марш и планира да превезе 50 илјади луѓе во Вашингтон.
Организаторите направија интернет пребарувач кој ќе им овозможи на оние кои сакаат да дојдат на маршот да најдат автобус.