Нашиот дописник Карл Шрек јавува дека насобраните во Вашингтон се движат кон Белата куќа и покрај претходните информации дека има премногу луѓе на улиците за да се одржи планираниот марш.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го посети седиштето на ЦИА во Ленгли. Тој не го коментираше Женскиот марш, но новинската агенција Асошиејтед прес објави дека Трамп ги обвинил медиумите дека лажеле за бројот на луѓе на неговата вчерашна инаугурација и оти имало луѓе до споменикот на Вашингтон, што според Асошиејтед прес, не е точно.
Женски марш во Чикаго
Прилично енергичен настап на Мадона
Поп ѕвездата Мадона пред насобраните во Вашингтон рече дека сегашната ситуација покажува дека „не се само жените во опасност, туку сите маргинализирани луѓе“, но оти собирот покажува дека не се плашат.
„Дека не сме сами и нема да се повлечеме, дека во нашето единство има сила и дека никаква спротивна сила нема шанса против вистинската солидарност“, рече таа.
Мадона не се согласува дека протестот нема да смени ништо и додаде дека патот ќе биде тежок, но оти тоа е „обележје на револуцијата“.
„Да, јас сум гневна“, рече таа.
Мадона потоа рече „Мора да се сакаме еден со друг или да умреме“, цитирајќи стихови од познатата поема „1 септември 1939“ на поетот Вистан Хју Оден. Потоа ја запеа нејзината песна Хјуман нејчр, чии стихови „Не сум твоја кучка“ му ги посвети на претседателот Доналд Трамп.