Фотографија од Женскиот марш во Њујорк:
Ќерката на славниот боксер Мохамед Али, Маријам, пред насобраните во Вашингтон рече дека присуствува на маршот во често на својот татко „и другите муслимани“, како и на маргинализираното малцинство.
Таа ги повика оние кои не гласаат активно да се вклучат во политичките процеси и го критикуваше тоа што некои луѓе знаат сè за својот омилен спорт, а не знаат ништо за својата локална власт.
„Немојте да бидете фрустрирани, бидете вклучени“, рече таа, цитирајќи го поранешниот претседател Барак Обама.
Новинската агенција Асошиејтед прес јавува дека организаторите на Женскиот марш во Вашингтон се спречени да го предводат протестот до Белата куќа, како што беше планирано, поради тоа што целата рута на маршот е преполна со луѓе.
Мобилизирај глобално, организирај локално
Координаторката на Женскиот марш во Вашингтон и соработник во организирањето на маршот во Женева, Карен Олсон, за Радио Слободна Европа изјави дека во Женава марширале околу две илјади луѓе, што е повеќе од очекуваното.
„Ние во Женева сметаме дека старата формула „Мисли глобално, делувај локално“ сега е трансформирана во „Мобилизирај глобално, организирај локално“, вели таа.